Почетна » Новости » Занимливости » Женската убавина низ светот: Портрети од различни точки на Земјата во „Атласот на убавината“

Женската убавина низ светот: Портрети од различни точки на Земјата во „Атласот на убавината“

Да се покаже универзалноста на убавината е целта на фотографката Михаела Норок. Романската уметница веќе 4 години нема постојана адреса на живеење бидејќи патува ширум светот и фотографира жени. Насловот на нејзиниот креативен проект е „Атлас на убавината“, а за неговата реализација Михаела има посетено над 60 различни земји.

„Мојата цел е да покажам дека секоја жена сјае како ѕвезда бидејќи убавината е разновидност, а не само тоа што го гледаме во масовните медиуми. Според мене, вистинската убавина нема возраст, боја или тренд. Можеш да ја најдеш во Африка или во Европа, во село или во облакодер, во насмевка, во гест, во интензивен поглед, во брчки или во приказна. Можеш да ја најдеш во секое љубезно човечко суштество“ – објаснува Михаела.

Проектот брои околу 500 портрети кои го покажуваат разнообразието на убавината пронајдена во различни точки од планетата. Портретите прикажуваат природни жени во нивната автентична културна средина и ги споделуваат со светот нивните животни приказни. „Во време на омраза и нетолерантност, сакам да испратам порака за љубов и прифаќање. Се надевам дека оваа книга ќе стигне до многу домови низ светот, убедувајќи ги луѓето дека различноста е богатство, а не е поттикнувач на конфликти и омраза. Сите сме многу различни, но во исто време сме дел од истото семејство“ – вели фотографката.

Атлас на убавинатаШвајцарија Атлас на убавинатаАмазон Атлас на убавинатаТибет Атлас на убавинатаНепал Атлас на убавинатаНепал Атлас на убавинатаНепал Атлас на убавинатаНепал Атлас на убавинатаАвганистан Атлас на убавинатаИсланд Атлас на убавинатаАзербејџан Атлас на убавинатаБелгија Атлас на убавинатаПортугалија Атлас на убавинатаГватемала Атлас на убавинатаГватемала Атлас на убавинатаГватемала Атлас на убавинатаЕтиопија Атлас на убавинатаЕтиопија Атлас на убавинатаГерманија Атлас на убавинатаГерманија Атлас на убавинатаГрузија Атлас на убавинатаГрција, камп за бегалци во Идомени Атлас на убавинатаГрција, камп за бегалци во Идомени Атлас на убавинатаЕквадор Атлас на убавинатаИндија Атлас на убавинатаИндија Атлас на убавинатаИран Атлас на убавинатаИталија Атлас на убавинатаКуба Атлас на убавинатаМјанмар Атлас на убавинатаМонголија Атлас на убавинатаРоманија Атлас на убавинатаРоманија Атлас на убавинатаРусија Атлас на убавинатаСирија Атлас на убавинатаТурција Атлас на убавинатаФранција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.