Џема Ховорт е модел чие лице малкумина го виделе, но затоа пак нејзините раце биле пред очите на милиони луѓе од цел свет. 27-годишната Британка поседува исклучително убави, нежни и негувани раце кои ги има осигурано на 5,8 милиони евра.
Нејзините раце се имаат појавено во над 250 телевизиски реклами и на огромен број билборди, а во рекламите ги заменувале рацете на многу познати модели, меѓу кои и на Кејт Мос. Само со позирање со рацете Џема може да заработи 230 евра за два часа, 930 евра во просечен ден и дури 2.900 евра дневно кога работи за поголем клиент.
Целото богатство што таа го има стекнато е токму поради убавината на нејзините раце, па таа оди во крајности за да ги заштити од повреди. „Се сончам со ракавици. Еднаш ги заборавив ракавиците и иако користев крем со висок заштитен фактор, забележав мали брчки кои се појавија на моите раце“ – изјавила таа за The Sunday Telegraph.
„По 10 години ваква работа, вкоренета навика ми е да мислам пред да направам нешто. Дури и отворањето на вратата од фрижидерот може да предизвика кршење на нокот“ – додала таа.
Џема признава дека не мие чинии и дека таа работа е резервирана за нејзиниот сопруг. „Не можам да си спомнам кога последен пат сум измила нешто без ракавици. Тоа е навистина лошо за рацете. Јас имам машина за миење чинии и сопруг“ – изјавила таа.
Сакате да знаете како Џема ги негува своите деликатни раце? Со евтино бадемово масло. „Имам пробано стотици продукти и секогаш се враќам на моето бадемово масло. Тоа е најевтиното и најдоброто. Некои други производи не навлегуваат во кожата, но бадемовото масло го прави тоа. Навистина негува и не ви се потребни одделни кремови за раце и масла за кутикули – бадемовото масло ви дава многу“ – објаснила таа.
Џема користи бадемово масло 30 пати дневно.