Женските раце треба секогаш да бидат нежни и поддржани. За таа цел користиме најразлични продукти со кои го подобруваме нивниот изглед. Сепак, понекогаш домашната нега помага повеќе за да ја истакнете убавината на вашите раце или да отстраните некој недостаток.

За убава миризба
За да ја отстраните острата непријатна миризба од риба или лук, сè што треба да направите е да ги измасирате рацете со паста за заби. Лимонот ја отстранува непријатната миризба од цигарите на рацете.
За нежни раце
Лимонот ги отстранува и флеките и ги зацврстува ноктите. Пресечете еден лимон на половина и масирајте ги рацете и лактите. Вашата кожа ќе биде мека и нежна.
Против црвенило
Сварете еден компир, испасирајте го и додајте во него една супена лажица маслиново или бадемово масло. Нанесете ја смесата на рацете и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте ги рацете со млака вода.
Нахранете ги и рацете и ноктите едновремено
- 100ml масло од рицинус
- 100ml маслиново масло
- Сок од лимон
Затоплете ги маслата и потоа додајте го сокот од лимон. Потопете ги прстите во смесата. Останете во таа положба 15 минути. Потоа направете си масажа на целата дланка. Отстранете ја смесата со млака вода и сапун.