Почетна » Новости » Занимливости » Жена по 10 години неплодност доби близначиња благодарение на пријателка која прифатила да ѝ биде сурогат-мајка

Жена по 10 години неплодност доби близначиња благодарение на пријателка која прифатила да ѝ биде сурогат-мајка

Некои личности се толку благородни, што ќе направат сè за да им помогнат на луѓето кои ги сакаат.

Жена сподели дека по 10 години неплодност станала мајка благодарение на пријателка која без двоумење се понудила да ѝ биде сурогат-мајка. Кејси Ендрус на Instagram сподели кратко видео од нејзиното патување низ бременоста на пријателката Инез и раѓањето на нејзините близнаци.

Видео

„Пред 30 години бевме поврзани преку програмата ‘Big Sisters’ во Лос Анџелес. Ѝ бев ментор додека одеше на училиште и во тоа време, станавме семејство... Поминавме повеќе од една деценија, правејќи забавни нешта секоја недела и потоа таа порасна. Еден ден, откако ја слушна мојата приказна за неплодноста, се понуди да носи бебе за нас“.

„Слушнав ‘Бремена си’ по 10 години обиди за зачнување. Не сакавме да ја злоупотребиме нејзината добродушност или да ризикуваме близначка бременост, па ставивме само еден замрзнат ембрион во нејзината матка. Но, Бог имал други планови... Бевме благословени со ДВЕ бебиња (идентични близнаци) Дашиел и Фокс. Не можам да ја објаснам со зборови благодарноста која ја чувствувам кон неа и за моите бебиња“ – пишува во видеото.

Кејси сподели и видео од нејзината емотивна реакција кога дозна дека Инез е бремена.

Шестгодишните близнаци Даш и Фокс пливаат во актерските води и беа дел од екипата на американската серија „Fuller House“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21663 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.