Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно: Специјално изненадување за последниот роденден на девојче со неизлечив рак

Емотивно: Специјално изненадување за последниот роденден на девојче со неизлечив рак

Петгодишно девојче со неизлечив рак доби специјална забава за својот последен роденден. Малечката Лајла Меј Скоу од Орегон се забавуваше со принцезите на Дизни, се возеше на кочија, стана принцеза и одигра емотивен „свадбен“ танц со својот татко за време на прослава организирана со помош на лица од целиот свет.

Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу

Имено, на Лајла ѝ бил дијагностициран невробластом во четврти стадиум кога имала само 2 години и оттогаш поминала низ 9 операции и повеќе хемотерапии. Неодамна докторите ја прекинале 3-годишната битка на Лајла со болеста, бидејќи нејзиното тело не било доволно силно за да поднесе понатамошно лекување. Кога на родителите им било соопштено дека на нивната ќерка ѝ преостануваат уште неколку месеци живот, тие знаеле што треба да направат.

Со помош од сограѓани, но и со донации од добродушни лица од целиот свет, Лајла добила специјално изненадување – роденденска, матурска и свадбена прослава. „Прво сакавме да направиме само добра роденденска забава со принцези, но нашето време со Лајла е ограничено. Одлучивме да ѝ приредиме матурска прослава која никогаш нема да ја доживее и свадба“ – рекол Рајан, таткото на Лајла.

Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу

Најемотивниот момент од прославата бил свадбениот танц татко-ќерка, за време на кој Рајан и голем ден од гостите не можеле да си ги задржат солзите. Тоа воедно бил и еден од омилените моменти на Лајла. „Би рекол дека омилени моменти ѝ беа возењето со кочија и кога јас се расплакав зашто таа беше многу среќна“ – додал Рајан.

Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу

„Сето тоа беше организирано за да насмееме едно мало девојче“ – рекол Рајан.

Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу Лајла Меј Скоу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.