Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Невеста ги расплака сите гости со завети за својот посинок и неговата мајка

ВИДЕО: Невеста ги расплака сите гости со завети за својот посинок и неговата мајка

На свадбата на Кејти Масер и нејзиниот избраник Џереми беа проронати многу солзи. Моментот кога невестата им прочита завети на својот посинок и неговата мајка, ги разнежни сите присутните на венчавката, а потоа измами и илјадници комплименти од сите страни на светот.

Свадба

Најпрво, таа ѝ се обрати на поранешната на нејзиниот сакан со зборовите: „Сакам да ти се заблагодарам што ме прифати како пријателка и ми дозволи да бидам дел од животот на Лендон. Ветувам дека ќе бидам прекрасна мајка на твојот син. Ќе го водам, учам и сакам секој ден. Ветувам дека ќе те почитувам, ќе работам со тебе, ќе те слушам и ќе комуницирам со тебе како ко-родители. Ќе ве сакам без разлика што ќе дојде на нашиот пат. Ние сме едно семејство засекогаш.“

Потоа, го повика синчето на сопругот и пред сите гости се заколна дека ќе го сака и штити секогаш. „Те сакам повеќе отколку што некогаш ќе знаеш. Обожавав да те гледам како растеш и ќе сакам да го гледам тоа до крајот на животот. Среќна сум што сега официјално ќе ти бидам бонус-мајка. Ти ветувам дека ќе бидам покрај тебе, ќе те слушам и ќе те сакам секој ден. Ветувам дека ќе го сакам твојот татко со целото мое срце. Ветувам дека ќе ѝ бидам најдобра пријателка на мајка ти. Ние ќе бидеме едно големо семејство, кое ти ветувам дека ќе го имаш до крајот на животот“ – му рече Кејти на малиот Лендон, по што следуваше топла прегратка.

ВИДЕО:

Ко-родителството е тешко и тоа значи слога и разбирање околу грижата за детето. Видеото со емотивниот свадбен момент доби бројни позитивни коментари. „Ова е совршен пример за тоа како се сака едно дете несебично. Се надевам дека повеќе родители ќе го видат ова како доказ дека возможно е да бидеш ко-родител без целата драма и погрдни зборови“ – стои во еден од коментарите на Facebook.

Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.