Денес светот го потресе нова трагедија. Утринава одекна веста за терористички напади во престолнината на Белгија, Брисел. Најмалку 34 лица ги загубија своите животи, а повеќе од 100 се повредени.
Грозоморните напади на аеродромот и на метро станица, трогнаа милиони лица низ светот, кои со помош на социјалните мрежи, изразуваат сочувство до жртвите и белгискиот народ. Тие ги користат хаштаговите #Brussels, #Bruxelles, #prayforbelgium.
Цртежот кој го објави францускиот Le Monde стана симбол на солидарноста со Белгијците




Манекен Пис или „момчето кое мокри“ стана симбол на ставот на Белгијците кон тероризмот
„Момчето кое мокри“ е бронзена скулптура создадена во 1619 година и е симбол на градот.



Многумина споделуваат и цртежи од расплаканиот Тинтин, лик од белгиските стрипови „Авантурите на Тинтин“


Живееме на толку убава планета, но во толку грозен свет

Може ли да ми направите малку место?
















