Почетна » Новости » Занимливости » Гест за почит: Хотел во Виена им овозможи бесплатен престој на луѓето кои бараа засолниште по терористичкиот напад

Гест за почит: Хотел во Виена им овозможи бесплатен престој на луѓето кои бараа засолниште по терористичкиот напад

Пред четири дена, Виена беше мета на нов терористички напад. Вооружени лица започнаа пукање во близина на градската синагога, а потоа и на уште неколку локации од градот, стрелајќи во случајни лица кои беа гости во блиските ресторани и кафулиња.

Во вооружениот напад, животот го загубија најмалку четири лица, а 23 се повредени.

Луѓето кои беа сведоци на нападите уплашени бараа засолниште во најблиските објекти, па хотелот „Вандл“ ги отвори вратите и ги згрижи сите оние кои побараа помош.

Додека јавниот превоз беше откажан и многу лица не можеа да стигнат до своите домови, вработените во овој хотел без размислување им понудија помош.

напад во Виена

„Вие ѝ понудивте безбедно место на мојата девојка и бесплатна соба вечерта на 2 наспроти 3 ноември. Ви благодарам што имате толку прекрасен персонал и менаџер и што ги згриживте луѓето кога најмногу имаа потреба од заштита“ – е еден од коментарите на Trip Advisor.

„Ви благодарам што ни понудивте заштита, прибежиште, пијалоци и место за да преноќиме во вчерашната опасна ситуација и сето тоа бесплатно. Прекрасен гест за солидарност“ – стои во коментарите на интернет.

напад во Виена напад во Виена напад во Виена

Портирот од хотелот е мигрант од Сирија, па веднаш знаел како да ги смири испаничените лица. „Ако сум научил едно нешто, тоа е како да останам смирен во ваква ситуација“ – изјавил тој.

„Им кажав на луѓето дека се безбедни тука, полицијата дојде за кратко време и го чуваше влезот. Им објаснив дека овој хотел има преживеано две светски војни и дека има голем подрум каде можат да се скријат доколку е потребно“ – додал тој.

напад во Виена напад во Виена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20826 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.