Родителите прават сè за своите деца и се гордеат со секој нивен успех.
Татко болен од рак смогна сили за да ја придружува ќерка си на специјална прослава откако таа беше прогласена за кралица на матурата.
Емотивниот момент стопли илјадници срца, бидејќи покажува колку цврста може да биде врската татко-ќерка.
Брет Јанси, кој се бори со рак на хранопроводникот, минатата седмица не можел да направи ниту еден чекор, а сега успеа да изоди 45 метри заедно со ќерката Саракејт.
Настанот се одржа на фудбалскиот терен на училиштето, а тоа што го направи овој момент уште поспецијален е фактот што Брет е поранешен фудбалски тренер на средношколци.
„Мислам дека тоа беше момент кој многу од нас нема да го заборават“ – изјавила неговата сопруга Кери, со која имаат уште две други ќерки.
„Брет многу се гордее со нашите ќерки кои пораснаа во прекрасни млади дами. Тој ќе им остави пример за надеж, храброст, сила и верба“ – дополнила таа.