Кога имаш ограничен простор, мора да ја разбудиш креативноста. Мајка ја реновираше малата детска соба на нејзините три ќерки, а за да заштеди простор испланира еден кревет за сите.
Имено, Ники Дрејкот не очекувала толку голем интерес кога ги објавила фотографиите во Facebook група каде лица споделуваат проекти од типот „направи сам со ограничен буџет“.
Откако фотографиите од прекрасната цветна детска соба се распространија на интернет, Ники добила илјадници пораки со пофални зборови.
Таа сподели листа со сите производи кои ги користела при реновирањето.
Покрај трите ќеркички, Ники има и мал син.