Сестринска љубов...
Девојка, која заслужено е нарекувана најдобрата сестра на светот, на креативен начин ја покажа љубовта кон сестра си, претворајќи ѝ обувки од 25 долари во блескава имитиција на дизајн од Кристијан Лобутин.
Корисничката на Reddit ethical_rhyme на одреден начин ѝ ја исполнила желбата на својата сестра да зачекори на матурската вечер во обувки од незаменливиот Кристијан Лобутин. Со мал паричен влог и многу трпение и прецизност, таа ја усреќила својата сестра.
Креативната девојка искористила обувки со змиски принт од Стив Меден кои чинат само 25 долари и со малку боја и многу циркони направила тие да наликуваат на лобутинките „Daffodile Strass“ кои чинат речиси 6.000 долари.
Посветената девојка дури ѝ направила и резервни ниски обувки, во случај високите потпетици да ѝ предизвикуваат болка на сестра ѝ.
„Колку внимателен подарок. Изгледаат НЕВЕРОЈАТНО. Прекрасно е што вложи толку многу време и труд за да ѝ ја направиш таа вечер на твојата сестра уште поспецијална“, „Заврши одлична работа, се обложувам дека таа беше одушевена. Тоа е плодот на љубовта кој е бесценет. Изгледаат прекрасно“... тоа се само дел од позитивните коментари кои грижливата сестра ги доби за својот прекрасен гест.
Па... кој не би посакал ваква сестра?