Дизниленд Шангај повторно ги отвори портите за посетители и стана првиот забавен парк на Дизни кој започна со работа по прогласувањето на пандемија.
Билетите се продадоа за неколку минути, но гостите мораат да ги почитуваат препораките за безбедност – социјално дистанцирање, носење маски, редовна дезинфекција на рацете. На самиот влез, на секој од нив му е мерена телесната температура.
Бројот на посетители е ограничен на 20% од капацитетот на паркот, а дел од детските оддели остануваат затворени.
Дизниленд Шангај беше отворен во 2016 година, но сликата тогаш беше сосема поразлична.