Дечињата на хрватските фудбалери слегоа на теренот на стадионот „Лужники“ во Москва по завршувањето на натпреварот меѓу Хрватска и Англија.
Нивната детска радост и неодоливата игра беа документирани од фоторепортерите.
Ќерката и синот на Лука Модриќ среќно скокнаа во рацете на татко си за да ја прослават неговата победа. 8-годишниот Ивано и 5-годишната Ема гордо го прегрнуваа Модриќ.
2-годишниот Давид Вида, синот на Домагој Вида, исто така скокна во прегратката на татко си и со насмевка мавташе додека беше носен од него. Давид подоцна се поздрави и со дел од соиграчите на татко си.
На Instagram, Домагој сподели фотографија со синчето на Instagram и напиша „Ти ми си сè“.
И децата на Иван Перешиќ не пропуштија да заиграат на теренот. 5-годишниот Леонардо и 3-годишната Мануела прво му честитаа на татко си за триумфот, а подоцна им се придружија на другарчињата во детската игра.
На „Лужники“ беа и децата на Иван Стриниќ, 4-годишната Марта и 3-годишниот Петар.
На дел од фотографиите Домагој славеше со својот син и со децата на Стриниќ и Перишиќ.