Малите добри дела понекогаш имаат големо значење.
5-годишно момче од Сплит ги продава своите играчки, а со заработените пари сака да им помогне на погодените семејства во земјотресите во Петриња.
На фотографии кои се распространија на интернет, добродушниот Лео има направено тезга за продавање. На лист хартија е напишано: „Вкупниот приход ќе го зголемиме за три пати и ќе го донираме на Црвениот крст за помош на Петриња“.
Duša
Posted by Nogometne vijesti on Thursday, December 31, 2020
„Момчето направи повеќе од сите наши политичари... од постоењето на Хрватска“, „Ова дете може да ни биде пример на нас возрасните“, „Толку мал, а всушност толку голем“ и „Браво момче“ – се дел од коментарите на постот.
На 29 декември, градот Петриња беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер, по што следуваа уште неколку потреси.