Анастазија Макјаниќ негува огромна љубов кон модата и слатките задоволства. Блогерката од Хрватска, која моментално живее на Хвар, освојува со својот летен стил.
Таа неодамна откри дека го очекува третото дете, но бременоста и растењето на стомачето воопшто не влијаат на нејзиното изострено чувство за стил.
Анастазија знае дека светлите бои и принтовите се идеални за создавање на летни модни погодоци, кои таа умее да ги направи комфорни и удобни за топлите денови.