Претседателката на Хрватска е еден од најжестоките навивачи на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство. Колинда Грабар-Китаровиќ беше редовен гостин на трибините во Русија и заедно со навивачите ја прославуваше секоја победа.
За жал, не можеше да присуствува на синоќешниот историски натпревар за нејзината татковина поради самитот на НАТО во Брисел.
Сепак, 50-годишната политичарка и оттаму пронајде начин да ги бодри своите миленици.
Врз својот деловен стајлинг, таа додаде шал на „Коцкестите“ и сними видео во кое им порача на репрезентативците да играат неоптеретени со резултатот за својата татковина и за својот народ.
Видео
За време на работната средба, Колинда им подари хрватски дресови на премиерката на Англија Тереза Меј и на претседателот на САД Доналд Трамп, врз кои беа испишани нивните имиња.
Се разбира, Меј не навиваше за Хрватска, туку за својата татковина, која за жал претрпе пораз.
Откако стана јасно дека Хрватите се пласираа во големото финале, Грабар-Китаровиќ облече дрес и славеше до доцна во ноќта.
Македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров лично ѝ ја честитаа победата на Колинда.
„Честито Хрватска! Политиката, спортот, регионот и светот се среќаваат вечерва во Брисел“ – напиша Заев на Facebook.
Несомнено е дека Претседателката на Хрватска ќе навива во ложата на стадионот „Лужники“ в недела, кога на теренот силите ќе си ги одмеруваат нејзината Хрватска и Франција.
Видеа
@elmensmag: President of Croatia celebrating their victory over Russia will make your day and night !#travel #travels #travelgram #wanderlust #instagood #beautiful #adventure #model #nofilter #fashion #instagram #quotes #sports #cairo #dubai… pic.twitter.com/XjYB4ol9vi
— Costello London (@Costello_it) July 7, 2018