Медицинските лица моментално ги прават најголемите жртви, а приказната за Макс и Грета е уште еден доказ за тоа.
Младите доктори наместо да уживаат во својот свадбен ден, тие се на своите работни места во болница. Позитивниот пар сподели фотографија со порака со која повикува да седиме дома.
„Требаше да стапиме во брак денес, но наместо тоа, ние сме на работа за вас, па вие останете дома за нас“ – пишуваат тие.
Оваа фотографија инстантно се распространи и тие добија пораки со благодарност од илјадници лица ширум светот за жртвата која ја прават.
Макс и Грета споделија уште една фотографија на која нивните колеги им имаат направено импровизирана облека за „свадбата“.
„Кога не можеш да се венчаш, но работиш со неверојатни луѓе кои те облекуваат во хартија и вреќа за ѓубре, за да се чувствуваш како најубавиот пар“ – стои во описот.
Макс и Грета се авантуристи кои едвај чекаат да помине овој кризен период, за да можат повторно да ја следат својата страст и да патуваат низ светот.