Почетна » Новости » Животни стории » 4-годишната Умерја ја победи леукемијата и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје

4-годишната Умерја ја победи леукемијата и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје

Четиригодишно девојче со голема радост и во добро здравје ја напушти Детската клиника во Скопје, каде 9 месеци се лекуваше од леукемија.

Слатката Умерја ја победи страшната болест, а за овој триумф прослави со тоа што заѕвони на ѕвончето во болницата.

На Умерја ѝ била дијагностицирана акутна леукемија во јануари оваа година, два месеци пред нејзиниот 4-ти роденден.

Умерја има сестра близначка која најмногу се израдувала на нејзиното оздравување. Среќните моменти од заминувањето од болница беа документирани од TV21.

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.