Почетна » Новости » Занимливости » Девојка која ја изгуби ногата поради рак не се откажува од својот сон да стане балерина

Девојка која ја изгуби ногата поради рак не се откажува од својот сон да стане балерина

Приказната на Габи Шул ќе ве инспирира никогаш да не се откажувате од своите соништа. Инспиративната девојка, на која едната нога ѝ била ампутирана на рана возраст, руши бариери стремејќи се да стане успешна балерина.

Габи Шул

Кога имала само 9 години, на Габи ѝ бил дијагностициран остеосарком, агресивна форма на рак на коските, кој започал да се шири во нејзиното десно колено.

Во обид да го спасат нејзиниот живот и да го спречат проширувањето на ракот, докторите веднаш ја оперирале. За среќа, тие имале решение кое не вклучувало ампутирање на целата нога.

Со оперативниот зафат, докторите ѝ го отстраниле коленото, а долниот дел од ногата и стапалото повторно ги поставиле на нејзината нога, меѓутоа ротирани за 180 степени. Со тоа, нејзиното стапало добило улога на колено, кое сега ѝ помага да ја управува протетичката нога.

„Тоа е уникатна операција. Не за секого, но за мене вредеше“ – изјавила Габи.

Габи Шул Габи Шул

По операцијата следувала хемотерапија. Во тие моменти Габи единствено мечтаела за повторно да може да танцува балет. „Си велев себеси, помини низ хемотерапијата, научи да одиш и тогаш ќе можеш повторно да танцуваш“ – вели таа.

ГабиГаби кога примала хемотерапија

Мајката на Габи изјавила дека храбрата девојка сега го живее животот исто како никогаш да не се соочила со оваа страшна болест. „Ако немаше рак, ќе ги правеше истите овие нешта. Таа само го живее животот како тоа да не се случи“ – вели мајката.

Габи Шул Габи Шул

15-годишната девојка од Мисури сега цели да ги инспирира сите кои имаат поминато низ слична ситуација да не се откажуваат од тоа што го сакаат.

„Живеј ги твоите соништа и никогаш не се откажувај“ – е мотото на Габи.

Габи Шул Габи Шул

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20926 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.