Кога ќе ја запознаеш својата сродна душа, веднаш знаеш дека остатокот од животот сакаш да го поминеш токму со таа личност.
Дечко и девојка, кои шест месеци биле разделени поради коронавирусот, истовремено си предложија брак за време на фотосесија. Слаткиот момент на двојното запросување беше овековечен со фотографии и видео кои деновиве го обиколуваат интернетот.
Видео:
Сави и Сарат од Ванкувер биле заедно 2 и пол години, пред да бидат разделени поради КОВИД-19. По нивното обединување и двајцата знаеле дека е време да ја однесат својата врска на следното ниво.
За време на договорена фотосесија со фотографката Миранда Андерсон, заљубените партнери истовремено клекнаа на колено, покажувајќи ги вереничките прстени.