Почетна » Новости » Занимливости » Вреди да се прочита: Професор со едно просто прашање им одржа животна лекција на студентите

Вреди да се прочита: Професор со едно просто прашање им одржа животна лекција на студентите

Интернет корисник сподели свое искуство од студентските денови, кога преку едно обично прашање за името на чистачот во факултетот, научил скапоцена животна лекција. Неговиот текст беше инспирација за видео на Facebook страницата „Love What Matters“.

„Зборувам со секого на ист начин, независно дали е ѓубреџија или ректор на универзитетот“ – овој цитат од Алберт Ајнштајн стои во описот на видеото.

Еве го текстот во целост:

За време на мојот прв семестар на колеџ, еден од моите професори ни даде изненаден тест. Секогаш сум внимавал на часовите, па тестот ми беше лесен за одговарање. Додека не стигнав до последното прашање...

Во него пишуваше: „Како се вика чистачот кој ја чисти оваа зграда?“

На почетокот мислев дека се работи за шега. Го имав видено чистачот многупати претходно. Тој беше висок маж без коса, но како јас би го знаел неговото име? Го предадов мојот тест, оставајќи го последното прашање неодговорено.

Додека заминував, друг студент прозбори и го праша професорот: „Дали последното прашање ќе влијае на нашата оценка?“

„Апсолутно“ – рече професорот. „Во животот, ќе сретнете многу луѓе. Сите тие се важни. Сите тие го заслужуваат вашето внимание и грижа, макар и за нив да имате само обично здраво“ – додаде тој.

Никогаш не ја заборавив таа лекција. Исто така, научив дека името на чистачот е Рики.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.