Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Родители и деца со емотивно изненадување ѝ се заблагодаруваат на медицинска сестра

ВИДЕО: Родители и деца со емотивно изненадување ѝ се заблагодаруваат на медицинска сестра

Вработените на одделенијата за неонатална интензивна нега низ светот заслужено се нарекувани херои. Тие секојдневно се грижат за најмалите бебенца, кои не се знае дали ќе преживеат до следниот ден. Најнежните и најкревките личности, како што се предвреме родените бебиња и бебињата со здравствени проблеми, минуваат низ рацете на овие здравствени работници.

За да ѝ се заблагодарат за грижата и љубовта во клучните моменти од нивните животи, група родители и деца ѝ приредија емотивно изненадување на медицинска сестра од одделот за неонатална интензивна нега.

Видеото „Tiny Miracles“ или „Мали чуда“ започнува со реченицата: „Во Одделот за неонатална интензивна нега, чуда се случуваат секој ден“. Во него, медицинската сестра Рене Хендрикс открива дека секогаш се грижи за бебињата со огромна посветеност и дека редовно одржува контакти со родителите на тие бебиња.

Сега, тие родители и бебињата кои поминале низ рацете на Рене се собраа на едно место за да ја изненадат и да ѝ порачаат дека таа е нивен херој. Погледнете:

„Чувствував дека срцето ќе ми се отвори. Беше толку емотивно. Останав без зборови, што е многу невообичаено за мене“ – рекла Рене.

Видеото е направено по повод Националниот ден на медицинските сестри на одделот за неонатологија, кој во Америка се одбележува на 15 септември.

Рене Хендрикс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.