Емотивното видео на пар, кој со години се бори со неплодноста, ќе ви покаже дека семејството може да биде создадено на различни начини. Во него, Лејси и Бенкс Ферис ги изненадуваат блиските со новороденче кое тајно го посвоиле.
Видео
Брачните партнери сонувале да имаат свое дете од денот на нивната свадба, но подоцна се соочиле со необјаснета неплодност, спонтан абортус и минале низ неуспешен процес за посвојување. По години неуспешни обиди, Лејси и Бенкс создале свој профил на сајт за посвојување и преку него ја пронашле мајката на нивното дете.
Тие биле заедно со неа на денот на раѓањето на нивната ќерка Финли.
„Чекањето беше најтешкото нешто. Никој не може да знае како се чувствуваш ако и самиот не поминал низ истото. Вредат сите тие солзи и сите тие молитви кога конечно ќе го добиеш она за кое копнееш. Чекањето низ најмрачните моменти е многу тешко“ – вели Лејси.
„Откривањето на веста беше неверојатно. Тоа е за кога Финли ќе порасне да види колку беа сите среќни што ја гледаат – тоа значи сè“ – додава таа.