Почетна » Новости » Занимливости » 3 години неплодност, спонтан абортус, море од солзи... Пар вака објави дека конечно ќе добие бебе со помош на ин витро

3 години неплодност, спонтан абортус, море од солзи... Пар вака објави дека конечно ќе добие бебе со помош на ин витро

Надежта последна умира, а тоа ќе ви го докаже пар кој со сите свои сили се бореше со неплодноста и по еден спонтан абортус сега слободно може да се радува на прекрасната вест за бременост.

Во фокусот на фотографија, со која парот соопшти дека ќе има бебенце, стои срце од празни шприцови од ин витро во кое е поставено малечко боди заедно со фотографија од ултразвук, патичиња и позитивен тест за бременост.

Моќната фотографија ја покажува болката и радоста на вештачкото оплодување, претставувајќи низ што идната мајка морала да помине и колку инјекции и терапии морала да прими за да има бебе кое сега расти во нејзината утроба.

Вест за бременост

Се молевме 1.168 дена.
3 години со дијагноза наречена „инфертилитет од непозната причина“
3 години болка во срцето
3 години солзи
3 години со негативни тестови за бременост
Стотици инјекции
Десетици илјади долари
6 рунди со орални лекови
4 неуспешни постапки за интраутерина инсеминација (IUI)
Повеќекратни рунди со ин витро
Еден спонтан абортус... на Божиќ

3 години молитви
3 години надеж
3 години верба
Едно прекрасно чукање на срце
Еден неверојатен Бог.

Наши најмили пријатели и семејства. Бог одговори на нашите молитви и ние сме многу возбудени што можеме да споделиме со вас дека нашето бебе-чудо ќе се приклучи во нашата фамилија во ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.