Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Моментот кога девојка бара од мажот кој ја израснал да ја посвои

ВИДЕО: Моментот кога девојка бара од мажот кој ја израснал да ја посвои

Емотивното изненадување на Мисти Никол Најт, за човекот кој ја израснал како своја ќерка, ќе ви ги насолзи очите.

Во видеото кое за само 4 дена има повеќе од 35 милиони прегледувања, возбудената девојка му дава подарок и писмо на Рајан, мажот со кого растела. Во писмото Никол го нарекува Рајан „најневеројатниот маж кој го сретнала“. „Не можам да си замислам да те немам во мојот живот. Толку сум благодарна што можам да те нарекувам тато“ – пишува Никол.

Сепак, главното изненадување за Рајан е на дното на кутијата – документи за посвојување на Никол. Емотивниот маж не може да си ги задржи солзите и вели: „Господе, колку долго време сакав да го направам ова“.

So everyone has been waiting for this but I finally asked the man that raised me to adopt me love you with all my heart and can't wait to be a FARRELL Ryan Farrell

Posted by Misty Nicole Knight on сабота, 5 март 2016

„Па, сите го чекаа ова. Конечно го прашав човекот кој ме порасна дали ќе ме посвои. Те сакам со целото мое срце и со нетрпение чекам да станам ФАРЕЛ“ – пишува Никол во описот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.