Промис Таманг Фан е YouTube ѕвезда. Талентираната девојка само со помош на шминка се претвора во филмски и музички ѕвезди. Нејзиниот најнов проект е посветен на Џони Деп, или поточно ликовите на популарниот актер.
Во видеото кое веќе има над 450.000 прегледувања, таа чекор по чекор покажува како се претвора во ликовите на Деп – Вили Вонка, капетанот Џек Спароу и Едвард Ножици.
Повеќето од бројните обожаватели на Промис сметаат дека ова се најдобрите и најкомплицираните трансформации кои таа ги има направено досега. Погледнете го видеото:
Претходните нејзини туторијали покажуваат како со шминка да се претворите во Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон, Адел, Дрејк, принцезата Јасмин од Аладин, Покахонтас, Мајкл Џексон, војвотката Кетрин, Џесика Алба...
Погледнете некои од нејзините туторијали: