Почетна » Новости » Занимливости » Пред и потоа: Невестинска шминка од мејкап артист од Косово

Пред и потоа: Невестинска шминка од мејкап артист од Косово

Шминката има трансформациска моќ, а тоа е доловено и на фотографиите на мејкап артистот Арбер Битиќи од Косово.

Талентираниот шминкер од Призрен на социјалните мрежи споделува фотографии од типот „пред и потоа“, на кои се прикажани невести пред и по преобразбата со шминка.

Погледнете зошто тој има проткаено мрежа од над 260.000 следбеници.

Невестинска шминка Невестинска шминка Невестинска шминка

„Започнав да се интересирам за шминка уште како дете. Првите цртежи кои ги нацртав беа од очи, девојки и фустани. Кога имав 5 години ги земав шминките на мајка ми и си играв со нив, па доста рано знаев дека ќе станам мејкап артист“ – изјавил Арбер.

Невестинска шминка Невестинска шминка

„Кога ќе се сретнам со моите клиентки, прво ги прашувам за каква пригода се подготвуваат. Исто така, ги прашувам дали имаат специфични барања. На пример, дали сакаат поприроден или подраматичен изглед. Ги замолувам да ми го покажат фустанот кој ќе го носат. Дизајнот на фустанот и неговите детали го откриваат стилот на изгледот кој го посакува клиентот. Потоа, ги анализирам нивните црти на лицето“ – вели Битиќи.

„Шминката е како накит за лицето. Играјте си со бои и форми. Не се плашете да се трансформирате себеси. На крајот на денот, едноставно можете да ја отстранете шминката“ – советува Арбер.

Невестинска шминка Невестинска шминка Невестинска шминка Невестинска шминка Невестинска шминка Невестинска шминка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.