Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Мејкап трансформациите на Ема Пиклс

ВИДЕО: Мејкап трансформациите на Ема Пиклс

Ема Пиклс е 18-годишна девојка која ја надминала својата срамежливост благодарение на интересните видеа кои ги објавува на YouTube. Како и многу девојки, Ема создава мејкап туторијали во кои се претвора во ликови од холивудските филмови или во морничави зомбија. Со одличните трансформации таа има привлечено илјадници фанови кои со задоволство го чекаат секој нејзини нареден проект.

Ема Пиклс

Срамежливата Британка порано страдала од социјална анксиозност – претерана срамежливост која ја принудувала да ги прескокнува друштвените забави и да се плаши да зборува за време на часовите.

„Не излегував од дома без да го прекријам целото лице со шминка и дури паничев кога се јавував на телефон. Кога наставничката ќе ми поставеше прашање на час, ќе поцрвенев и ќе започнев да се тресам“ – раскажала таа.

Ема Пиклс

Иако со театрална шминка се занимава повеќе од пет години, Ема на почетокот се плашела да објави свое видео. Благодарение на охрабрувањето од страна на нејзиното момче, таа одлучила да го сподели талентот. Објавувањето на различни видеа ѝ помогнало да стане посамоуверена, но исто така и повеќе да ја засака шминката поради позитивниот фидбек од нејзините фанови.

Ема Пиклс

„Постигнав толку многу преку YouTube, а зборувањето пред камера ми даде поголема самодоверба. Сега добивам e-mail пораки од девојки кои ми велат дека сум им помогнала да си ја зголемат самодовербата. Тоа е одлично бидејќи сакам да им помагам на луѓето и да ги учам“ – дополнила Ема.

Ема Пиклс Ема Пиклс Ема Пиклс

Ема планира шминкањето да го претвори во своја професија. Таа се надева дека во иднина ќе биде мејкап артистка за филмови и ТВ серии. Погледнете неколку нејзини трансформации:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.