Кејли Вилијамсон се вброи меѓу првите лица со Даунов синдром кои го завршиле маратонот во Њујорк. 33-годишната девојка ронеше солзи-радосници откако успеа да ја помине целната линија на финишот.
Видеото кое ја доловува нејзината среќа ќе ве исполни со емоции.
@humankind Watch Kayleigh Williamson cry tears of joy as she does this at the New York Marathon as one of the first women with Down syndrome to complete the race. #newyorkmarathon #marathonrunner #downsyndrome #inspiringwomenrunners #goodnews ♬ snowfall (Sped Up) - Øneheart & reidenshi
„Сакам да трчам бидејќи тоа ме прави среќна“ – признава Кејли.
Таа го заврши маратонот за 10 часа и 9 минути, а заедно со неа трчаше и нејзината мајка Сенди.
„Њујорк го промени начинот на кој ја гледам ќерка ми. Секојпат кога ќе слушнеше музика застануваше да танцува. Беше многу емотивно за неа на крајот, особено последните 3 километри“ – изјавила нејзината мајка.
Сенди вели дека нивното посветување на физичката активност започнало во 2017 година, кога на нејзината мајка (бабата на Кејли) ѝ била дијагностицирана Алцхајмерова болест.
„Сето тоа започна во истото време кога на мајка ми ѝ беше дијагностициран Алцхајмер. Затоа имплементирав неколку здрави животни навики за нас“ – изјавила Сенди и дополнила дека сега со Кејли трчаат во нејзина чест. Таа починала во 2021 година.
„Мајка ми ни кажуваше дека избегала од старечки дом и дека патувала на места како Калифорнија и Колорадо. Така, ние започнавме да бараме трки во истите тие држави за да ги претвориме нејзините привремени спомени во трајни. Кејли ги носеше медалите за да ѝ ги покаже на мајка ми“ – дополнила Сенди.
Кејли ги има завршено и маратоните во Бостон и Остин, а има истрчано и 20 полумаратони.