Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Девојка болна од рак му ја пее „Аве Марија“ на папата

ВИДЕО: Девојка болна од рак му ја пее „Аве Марија“ на папата

Девојка болна од рак му ја испеа на папата Францис „Аве Марија“ и им ги насолзи очите на присутните. 15-годишната Алексија Гардуњо, која боледува од остеосаркома, се сретна со папата за време на неговата посета на Детската болница „Федерико Гомез“ во Мексико Сити.

Видеото од изведбата на младата пациентка брзо се распространи низ светот и допре до илјадници срца.

Видео

El Ave María que conmovió al Papa Francisco en México

Un Ave María para el Papa: Esta niña, paciente del Hospital Pediátrico Federico Gómez de Ciudad de México, conmovió al Papa y a millones de personas con su hermosa voz. #PapaenMex

Posted by ACI Prensa on недела, 14 февруари 2016
Папата Францис Папата Францис

Но, Алексија не беше единствената пациентка која имаше чест да биде бакната и прегрната од папата Францис. Поглаварот на Римокатоличката црква им посвети внимание на многу мали херои кои во просториите на болницата ги водат своите најтешки битки.

Папата дури и ги посети во нивните соби пациентите кои не можеле да станат за да го дочекаат во ходниците на болницата.

Папата Францис Папата Францис Папата Францис Папата Францис Папата Францис

„Го молам Бог да ве благослови и да биде со вас и со вашите семејства и со сите овие луѓе кои работат во овој дом и прават сè за да се осигурат дека вашите насмевки ќе растат од ден во ден“ – рекол папата, кој со својата посета имал за цел не само да ги израдува децата, туку и да им се заблагодари на вработените што се грижат за нив.

Папата Францис Папата Францис Папата Францис Папата Францис Папата Францис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.