Почетна » Новости » Занимливости » Папата ја прогласи Мајка Тереза за светица пред 100.000 лица во Ватикан

Папата ја прогласи Мајка Тереза за светица пред 100.000 лица во Ватикан

Папата Францис денес официјално ја прогласи Мајка Тереза за светица. Пред околу 100.000 верници и туристи кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква порача: „Да ја носиме нејзината насмевка во нашите срца и да им ја даваме на оние кои ги среќаваме за време на нашето патување, особено на оние кои страдаат“.

Мајка Тереза прогласена за светица Мајка Тереза прогласена за светица Мајка Тереза прогласена за светица Мајка Тереза прогласена за светица Мајка Тереза прогласена за светица

За една личност да биде прогласена за света, потребно е да ѝ бидат признаени две чуда.

Мајка Тереза беше беатифицирана од Ватикан во 2003 година, кога беше одобрена одлуката за признавање на нејзиното прво чудо – излекување на Индијка со абдоминален тумор. Минатата година, папата Францис го призна второто чудо поврзано со познатата калуѓерка. Чудото било лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори во 2008 година.

Мајка Тереза прогласена за светица

Инспиративната Мајка Тереза е родена во 1910 година во Скопје, но најголемиот дел од својот живот го минала во Индија, живеејќи во најсиромашните предградија на Калкута за да им помага на оние на кои најмногу им била потребна помош. Таа е основач на редот Мисионери на милосрдието. Поради нејзината хуманост и пожртвуваност, во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Мајка Тереза прогласена за светица Мајка Тереза прогласена за светица Мајка Тереза прогласена за светица

Мајка Тереза е симбол на самопожртвуваност, скромност и мир во целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.