Доналд Трамп беше на прием кај папата Францис во Ватикан. На средбата присуствуваа и неговата сопруга Меланија, како и Иванка Трамп со својот сопруг Џаред Кушнер.
Придржувајќи се до строгиот дрескод, дамите носеа црна облека и превези на главите.
Според ватиканскиот протокол, жените кои се на прием кај папата се обврзани да носат долги ракави, формална црна облека и превез за да ја покријат главата.
Првата дама на САД беше облечена во креација од Долче и Габана.
Во изминативе денови интензивно се анализира невербалната комуникација помеѓу Доналд и Меланија. Откако таа го плесна по подадената рака во Тел Авив, за време на пристигнувањето во Рим (не)намерно повторно избегна да го фати за рака.
Видео од моментот кога Меланија по вторпат ја избегна раката на Доналд
Еве го незгодниот момент од Тел Авив, кога Меланија го „плесна“ по раката својот сопруг:
Well this is embarassing https://t.co/XaPL1AbCm5 pic.twitter.com/mumhuQHDFz
— Haaretz.com (@haaretzcom) May 22, 2017
По средбата со папата, Меланија ја посети детската болница „Bambino Gesù“ во Рим.