Бебенце родено во цел водењак ни покажува како реално изгледаат бебињата во мајчинската утроба.
Докторот Родриго да Роса Фиљо, кој го објави видеото, сподели дека новороденчето цели 7 минути спиело и нежно се движело во амнионската обвивка пред таа да биде скината за тоа да го започне животот надвор од неа.
„Магијата на животот. Совршенство од Бог“ - напиша докторот.
Видео
Мајката всушност раѓала тројка со царски рез. Кога второто бебенце било извлечено со цел водењак, докторите биле одушевени и не очекувале дека и со третото ќе биде ист случај. Видеото ја покажува малата Аделина која се однесува како сè уште да е во стомакот на нејзината мајка.