Пар од Бразил го доби најубавиот подарок на годишнината од бракот - здраво синче.
Бебенцето дојде на овој свет со царски рез во непробиена амнионска обвивка, а раѓањето беше овековечено со видео кое докторката го сподели на својот профил.
„По три прекрасни породувања, го завршувам денот со ова неверојатно момче кое дојде на овој свет на годишнината од бракот на неговите родители!!! Толку многу емоции!“ – стои во описот.