Сајлас Филипс е нарекуван медицинско чудо. Малото бебенце се родило предвреме, кога неговата мајка била во 26. недела од бременоста, а на овој свет дошло во непробиена амнионска обвивка.
Бебенцето сè уште „пливало“ во амнионската течност кога докторите го извадиле со помош на царски рез. Реткиот момент бил овековечен со мобилен телефон, а сега фотографиите го обиколуваат светот.
Фотографиите ни даваат ретка можност да видиме како изгледа бебето во утробата, бидејќи тоа се однесува исто како сè уште да е во стомакот на неговата мајка.
Докторите останале без здив, бидејќи ваквите породувања се многу ретки. Само едно на околу 80.000 бебиња се раѓа во целосна амнионска обвивка (водењак). Обично водењакот пука пред природно породување или докторите го пробиваат со скалпелот при царски рез.
Мајката била изненадена кога ги видела фотографиите и го нарекла Сајлас „специјално мало бебе“.
Иако Сајлас е роден предвреме, засега напредува многу добро и докторите се надеваат дека наскоро ќе биде доволно силен за да ја напушти болницата во Лос Анџелес.