Познатата балада „True Colors“ доби нова инспиративна верзија.
Изведувачи се британскиот параоркестар, кој се опишува како оркестар дефиниран од она што го слушате, а не она што го гледате, детскиот хор „Kaos Signing Choir For Deaf And Hearing Children“, кој вклучува деца со проблеми со слухот и некои од спортистите од британскиот тим кој учествуваше на Параолимписките игри.
„Песната „True Colors“, отсвирена од музичари со хендикеп, испеана од глуви деца и деца кои слушаат и поддржана од параолимпијците, ги доловува копнежот и радоста да бидеш виден каков што навистина си“ – изјавил Чарлс Хејзелвуд, основач на параоркестарот.
Електронскиот глас кој се слуша на почетокот и на крајот доаѓа од Лин Левет, музички продуцент и тутор. Лин страда од церебрална парализа и не може да зборува, но може да пее благодарение на современата технологија.
Песната има хуманитарни цели и е направена за собирање на средства за поддршка на тимот на Велика Британија на наредните Параолимписки игри.