Седуммесечниот Тео деновиве беше хит на социјалните мрежи. Бебето со долга густа коса се прослави откако Елен Деџенерис сподели слатко видео од него. Во видеото, мајката Сузан го забавува малото бебе кое прави смешни звуци од возбуда.
Досега, видеозаписот на Facebook има повеќе од 51 милион прегледувања, па Елен одлучи да го покани Тео во студиото.
Мајката на бебето, Сузан, раскажа дека Тео е роден со многу коса и дека поради тоа луѓето мислеле дека е перика. Иако многумина ѝ велеле дека неговата коса ќе испадне, тоа никогаш не се случило. „Тоа никогаш не се случи. Прво растеше нагоре, па во должина. Само продолжуваше да расте“ – вели мајка му во видеото од гостувањето кај Елен.