„America's Got Talent“ откри нов талент. Кога Ендрју Де Леон се појави на сцената, неговиот мрачен готски изглед ја направи публиката скептична во однос на неговиот настап.
Но, кога 19-годишниот мејкап артист ја отвори устата, буквално сите останаа изненадени. Неочекуваниот глас и неочекуваниот избор на музичка нумера ги остави сите без зборови.
Откако аплаузите стивнаа, младиот пејач призна дека токму ова му е првиот настап пред публика и дека досега никој не го слушнал како пее, дури ни неговите родители. „Никогаш не сум настапил пред некого“ – рече тој и објасни дека никогаш не посетувал часови за пеење.
Кога Хауард Стерн му даде можност да опише како се чувствува по одлично примениот настап, Ендрју одговори: „Навикнат сум да бидам одбиван, не сум добар во ништо, па ова е неверојатно“.
Погледнете го неговиот настап: