Мајка со искрен текст им возвраќа на сите оние кои постојано ја прашуваат „Кога второ дете?“.
Меган Лапорта има 4-годишна ќерка, но за да ја добие минала низ многу проблеми – од ризична бременост и трауматично породување, до здравствени проблеми во првите четири години од животот на ќерката.
За неа, прашувањето за второ дете е потсетник на сите проблеми со кои морала да се соочи за да дојде до првото. Поради тоа, апелира луѓето да бидат повнимателни кога им го поставуваат прашањето на жените:
Сите сме биле прашани за истото. Можеби еднаш, можеби повеќе пати отколку што можеме да изброиме. Можеби и самите сме се запрашале кога ќе пробаме да зачнеме второ дете.
Изгледа безопасно и во најголем дел од случаите најверојатно и е. Пред да имам деца, ниту еднаш не застанав да размислам дали поставувањето на тоа прашање е нешто друго освен љубопитство и понекогаш душкање во туѓите животи. Но, мајчинската верзија од мене денес се чувствува тотално поразлично. Сега е подлабоко и покомплицирано отколку што изгледаше во минатото.
Мајката во мене се мачи секојпат кога ќе ми го постават тоа прашање. Се мачи да измисли одговор. Се мачи да одлучи дали ќе ја каже вистината или ќе даде генерички одговор. Се мачи да открие зошто е толку тешко. Се обидувам да се пошегувам...
Но, вистината е дека секојпат кога ќе го добијам тоа прашање, мене ми е потсетник. Болен потсетник на сите предизвици и маки за да го добиеме првото бебе.
Ме потсетува на времето кога првпат пробувавме за првото бебе. Колку беше тешко да се избегне тоа прашање првиот пат, додека истовремено очајно се обидувавме да го држиме во тајност дури да можеме сите да ги изненадиме со возбудливите вести. Кога ќе ни го поставеа тоа прашање, ни доаѓаше да врескаме: „Се обидуваме, но не функционира“.
Се сметаме себеси за среќници. Иако ни требаше повеќе од една година за да забременам со нашата ќерка, нашето патување изгледа многу едноставно споредено со потешките предизвици со кои се соочуваат многу жени кои се обидуваат да забременат. Но, тоа не значи дека срцето не ни се кршеше секој месец кој изминуваше со уште еден негативен тест.
Прашањето ми е потсетник на фактот дека само што забременив, веднаш се соочив со тешкотии. Бременоста ми беше високоризична од почетокот и остана така девет страшни месеци. Во најголем дел од времето имав храбар израз на лицето, но бев преплашена. Постојано правев прегледи и испитувања и секогаш се плашев што може да дојде следно. Вредеше секоја секунда, но и по четири години, сè уште е многу сурово.
Прашањето ми е потсетник дека откако завршија тие девет месеци, се соочив со породување за какво што никој не зборува. Какво што постои само во филмовите. Моменти кои те прогонуваат и повредуваат уште долго време откако ќе помине 4-дневниот престој во болница. Се сеќавам на секој од тие моменти кои ме прогонуваат и по години. Стравот, хаосот, сè. Секојпат кога ќе ме прашаат за второ бебе, ми се враќаат спомените од породувањето.
Прашањето ми е потсетник дека мојот совршен план беше далеку од тоа. Дека моето бебе имаше трауматско раѓање, кое резултираше со повреда на мозокот за која комплетно бев неподготвена. Потсетник дека моето
Потсетник дека иако не би промениле ниту секунда со нашата ќерка, изминатите четири години дефинитивно нè тестираа. Го тестираа нашето трпение, нашата сила и нашата верба. Со храбри лица се соочивме со докторите и дијагнозите, само за да се вратиме дома и да се распаднеме зад затворени врати.
Мојата бременост и мајчинството беа виор. На некои начини беше матно, а на други кристално јасно. Но, мое е и е уникатно. Исто како на секоја друга мајка. Сите имаме наши причини. Сите имаме надежи и стравови.
Моето мајчинско срце знае дека не мислите ништо лошо кога ќе прашате. Знам дека искрено се интересирате и сте возбудени за можноста да донесеме уште едно малечко на овој свет. Еден ден, ќе бидам и јас. Но, денес не е тој ден за нас.