Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Те сакам тато“: Сопругата и ќерката на покојниот Коби Брајант споделија фотографии на неговиот роденден

„Те сакам тато“: Сопругата и ќерката на покојниот Коби Брајант споделија фотографии на неговиот роденден

Ванеса и Наталија Брајант не пропуштија да го одбележат роденденот на Коби Брајант, кој ако беше жив ќе наполнеше 45 години.

41-годишната сопруга и 20-годишната ќерка на кошаркарската легенда споделија фотографии со него и напишаа роденденски честитки.

„Среќен роденден. Ќе те сакам засекогаш“ – напиша Ванеса и го додаде хаштагот #82378, кој го означува неговиот роденден.

Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант

Наталија сподели една фотографија со татко ѝ од нејзиното детство и напиша:

„Среќен роденден тато“.

Коби Брајант

Коби и Ванеса беа во брак повеќе од две децении пред неговата смрт. Се запознаа на сетот на музичко видео во 1999 година кога Коби имаше 20 години, а Ванеса 17. Тие стапија во брак во април 2001 година.

Славниот кошаркар го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со нивната 13-годишна ќерка Џиана.

Коби Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20966 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.