Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Засекогаш ќе те сакаме“: Сопругата и ќерките на покојниот Коби Брајант на настан во негова чест

„Засекогаш ќе те сакаме“: Сопругата и ќерките на покојниот Коби Брајант на настан во негова чест

Ванеса Брајант со трите ќерки му оддадоа почит на покојниот Коби Брајант.

40-годишната сопруга на кошаркарската легенда со Наталија, Бјанка и Капри присуствуваа на церемонија во Кинескиот театар во Лос Анџелес, каде беа изложени цементирани отпечатоци од дланките и стапалата на Коби.

Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант

На настанот, говор одржа најголемата ќерка на Коби и Ванеса, Наталија. Таа зборуваше за бројните ангажмани и напорната работа на нејзиниот татко, но истакна дека и покрај сè, тој наоѓал време за семејството.

Брајант Брајант

„Почестена сум што сум денес тука за да му оддадам почит на човекот кој сите го знаеме и сакаме, татко ми.“

„Тоа што сум негова ќерка е една од најголемите радости во мојот живот и се надевам дека ќе ги негувам и ценам многуте лекции на кои ме научи. Овој ден е симбол на влијанието кое тој го имаше на градот кој толку многу го сакаше и за кој се грижеше.“

„Ве охрабрувам да ги ставите вашите раце на неговите и да одделите момент за да застанете во неговите чевли. Ова е богатство за Лос Анџелес и за фановите на татко ми низ целиот свет“

„Тато, ти си икона, легенда, раскажувач на приказни и најважното, најдобриот татко на девојчиња за каков што секоја млада жена сонува. Почестена сум што сум тука за да те претставувам тебе и нашето семејство. Екстремно се гордееме со тебе. Засекогаш ќе те сакаме“ – меѓу другото рече таа.

Брајант Брајант Брајант Брајант

Коби и неговата ќерка Џиана го загубија животот во хеликоптерска несреќа на крајот од јануари 2020 година.

Коби Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.