Почетна » Новости » Занимливости » Браво: Бербер со трпение и низ игра бесплатно потстрижува детенце со Даунов синдром

Браво: Бербер со трпение и низ игра бесплатно потстрижува детенце со Даунов синдром

Кога си ја сакаш професијата, резултатите се видливи.

Видео од бербер кој со трпение и љубов потстрижува момче со Даунов синдром го освои светот и стана вирален хит. Во него, Вернон Џексон бесплатно го потстрижува својот 7-годишен клиент Елисон.

Тој низ игра му го прави потстрижувањето забавно и интересно на малото детенце кое не може да престане да се смее.

Неговата мајка Џули вели дека пред да дојдат во салонот на Вернон, кратењето на косата било многу стресно искуство за нив.

„Секогаш беше стресно и спротивно од она што го гледате во видеото. Во најголемиот дел од времето морав да го гушкам на столот за да поминеме низ тоа. Имавме пробано и да го потстрижуваме дома“ – рекла таа.

Бербер

Елисон не е единствениот клиент кој добива бесплатни фризури од Вернон. Секој месец, грижливиот фризер си одделува по еден ден за да потстрижува деца со посебни потреби и вели дека секое детенце е приказна сама за себе.

„Секое дете е различно и треба да бидеш присутен за него во моментот“ – вели Вернон.

Бербер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.