Фитнес блогерка и нејзината баба добија многу аплаузи за заеднички тренинг кој го објавија на Instagram.
Дијана Мотлак од Колумбија постојано споделува домашни видеа со вежби за различни делови од телото, инспирирајќи ги илјадниците фанови да водат активен начин на живот. Во едно од најновите видеа, таа покажува тренинг за целото тело, а нејзината баба ги прави вежбите прилагодени на нејзината возраст.
Ти ги поставуваш твоите граници.
Баба ми е активна личност и ми рече: „Сакам да ги направам вежбите што ги правиш ти онака како што ги правам јас!“. И одговорив: „Ајде да го направиме тоа!!!“ Најдоброто нешто е што сè пробува и за сè вели „Да, го можам тоа, ми се допаѓа оваа вежба!“.
Затоа без изговори, ако се сака, ќе се најде начин!!!