Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на две деца си го трансформираше телото со фитнес, сега е Instagram ѕвезда и личен тренер

Мајка на две деца си го трансформираше телото со фитнес, сега е Instagram ѕвезда и личен тренер

Мајка на две деца си го трансформираше телото со фитнес и сега инспирира на Instagram.

Ким Френч ја следат речиси еден милион луѓе, бидејќи нуди не само фитнес инспирација, туку и вежби и совети за слабеење.

Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч

Популарната блогерка тежела 88 килограми по раѓањето на второто дете, но она што најмногу ѝ сметало не бил бројот на килограми, туку изгледот кога ќе погледнела во огледалото. На почетокот од нејзината трансформација, Ким успеала да ослаби со кардио вежби и гладување, но повторно не била задоволна со фигурата.

Вистинско задоволство и зголемување на самодовербата, таа почувствувала кога се запишала на фитнес и започнала да вежба со тегови.

„Како мајка на две деца, како и многу други жени, и јас качив многу килограми во текот на двете мои бремености. По раѓањето на моето второ дете во март 2016 година, имав 20 килограми плус и тежев 88 килограми. Три месеци по породувањето, природно ослабев до 82 килограми и бев подготвена да го започнам моето фитнес патување.“

Ким Френч

„Како и многу други, немав претстава од каде да почнам и што да правам. Никогаш не сум имала допир со фитнесот, па започнав со кардио вежби и со гладување. Тогаш, мислев дека тоа е правилно. Драстично го намалив вносот на калории на 1.200 калории дневно и започнав да трчам 4-5 пати неделно. Речиси 5 мизерни месеци подоцна, ослабев 20 килограми до тежината која ја посакував и со којашто бев среќна. Ми се допаѓаше цифрата на вагата, но не ми се допаѓаше мојата рефлексија во огледалото. Не само што бев истоштена и прегладнета, туку имав „тенко дебел“ изглед, кој мене не ми се допаѓа.“

„Во октомври 2016 година, првпат во животот се запишав на фитнес за да вежбам со тегови. На почетокот се плашев, но со текот на времето самодовербата ми се зголемуваше. Оттогаш поминаа две години, а јас сум неверојатно горда со моите постигнувања и со мојот напредок“ – вели таа.

Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч

Френч е категорична дека жените треба да вежбаат со тегови и дека мускулите не ја намалуваат женственоста.

„Мускулите ми го обликуваа телото и ми дадоа самодоверба. Многу жени се плашат дека кревањето тегови ќе ги направи помалку женствени, но тоа не е така и се надевам дека повеќе жени ќе го сфатат ова. Не можам да ви опишам колку многу кревањето тегови ми го промени животот на позитивен начин. Сега сум многу посреќна и поздрава. Тоа го забележуваат и мојот сопруг и децата, а тоа ги прави и нив посреќни.“

Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч

„Честопати мислиме дека нашето тело никогаш нема да биде исто по раѓањето бебе. Тоа е вистина... МОЖЕ ДА БИДЕ ДУРИ И ПОДОБРО“ – пишува таа.

Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч

Ким отворено споделува дека и покрај тоа што е фит и во одлична форма, таа има стрии и несовршености како и секоја жена. Категорична е дека не треба да дозволуваме совршените фотографии на социјалните мрежи да ни ја намалуваат самодовербата, бидејќи најчесто тие не се реални.

Само мал потсетник дека треба помалку да си судите, а повеќе да се сакате себеси!

Никој не е совршен, фокусирајте се на тоа да бидете колку што е можно поздрави, посреќни и посилни. Не дозволувајте социјалните мрежи да ви го перат мозокот за да си мислите дека мора да имате совршена кожа, тело или живот! ТОА НЕ Е ТОЧНО!

Не мораме да живееме во свет на фантазии. Ова е реалноста... Гордејте се! СЕКОГАШ!

Ким Френч Ким Френч Ким Френч Ким Френч

Вежби од Ким

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.