Почетна » Новости » Занимливости » „Бевте Шарли, бевте Париз. Дали ќе бидете Анкара?“ прашува жител на Турција по експлозијата во Анкара

„Бевте Шарли, бевте Париз. Дали ќе бидете Анкара?“ прашува жител на Турција по експлозијата во Анкара

Вчера срцето на Анкара беше растресено од експлозија на бомба при која загинаа најмалку 37 лица, а 125 беа ранети.

Терористичкиот напад на турската престолнина беше осуден од многу лица низ светот, но не наиде на истите реакции во јавноста како нападите во Париз во ноември минатата година.

Жител на Турција преку текст на социјалните мрежи запраша: „Бевте Шарли, бевте Париз. Дали ќе бидете Анкара?“ Неговата објава досега е споделена 55 илјади пати, а илјадници лица ја искажаа својата поддршка и тага во коментарите.

Џејмс Тејлор

Прочитајте го текстот на Британецот Џејмс Тејлор, кој веќе 18 месеци живее во Анкара:

За оние кои немаат слушнато за Турција или кои се дистанцираат од нападите, можеби ова ќе ви ги отвори очите.

Експлозијата на бомба вечерва се случи во еден од најпрометните делови од центарот на градот, во близина на многу автобуски постојки со луѓе кои чекаа да си одат дома, кои пристигнуваа за вечерно излегување и кои седеа во паркот релаксирајќи се и пиејќи чај.

Тоа е како да експлодира бомба на Њу Стрит во Бирмингем или Пикадили циркус во Лондон.

Можеш ли да си замислиш да беше таму? Можеш ли да си замислиш местата на кои поминуваш секој ден, автобуските постојки кои ги користиш и патиштата кои ги преминуваш да бидат разрушени?

Можеш ли да си ги замислиш жртвите? Тинејџерите кои се качија во автобус за да си одат дома, дедовците кои се шетаа низ градот, луѓето кои чекаа такси по долгиот ден поминат во смеа и дружење на сонце.

Сега замисли си дека тие беа Англичани и дека овој напад се случи Англија. Дека ова се луѓето кои ги гледаш секој ден кога одиш на работа, луѓе како тебе и мене, нормални, среќни луѓе. Семејства, полицајци, студенти, уметници, парови. Можеби твои пријатели. Овие луѓе не се различни. Само што се Турци.

Турција не е Блискиот Исток како што си мислат некои луѓе. Анкара не е воена зона, тоа е нормален модерен раздвижен град, исто како секој Европски главен град, а Кизилај е самото срце, центарот.

Многу е лесно да ги гледате терористичките напади кои се случија во Лондон, во Њујорк, во Париз и да ја чувствувте тагата и болката на жртвите, па зошто не е исто со Анкара? Дали причината за тоа е што не сфаќате дека Анкара не е воопшто поразлична од кој било од овие градови? Дали е затоа што си мислите дека Турција е претежно муслиманска земја, како Сирија, Ирак, како земјите во кои има граѓанска војна и затоа што не се грижите за тие земји, не мора да се грижите ниту за Турција?

Ако не верувате дека овие напади во Анкара ве засегаат или не можете да ја почувствувате истата болка што ја чувствувате за време на нападите во Париз и Лондон, тогаш можеби треба да застанете и да размислите зошто, зошто се чувствувате така. Турција е неверојатна земја со навистина неверојатни луѓе. Никогаш не сум се чувствувал подобредојден, посреќен и побезбеден одошто се чувствувам тука.

Анкара е мој дом во последните 18 месеци и ќе продолжи да биде мој дом.

Бевте Шарли, бевте Париз. Дали ќе бидете Анкара?

Џејмс ТејлорЏејмс Тејлор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.