Млада Англичанка доби големо изненадување кога роди бебе тешко 7 килограми.
Кога се родил пред шест недели, Џорџ бил двојно поголем од просечното новороденче и тој е едно од најголемите бебиња кога било родени во Велика Британија.
Никој од докторите не знаел дека Џорџ ќе биде толку големо бебе, па Џејд се породувала природно, а не со царски рез. При породувањето дошло до компликации, бидејќи широките рамена на Џорџ се заглавиле. Докторите прогнозирале дека Џорџ има само 10% шанса да преживее затоа што останал без кислород 5 минути пред да биде вратен во живот.
За среќа, борбениот Џорџ ги фрлил во сенка прогнозите и сега тој е дома заедно со пресреќните родители.
„Ни кажуваа дека сè е нормално сè додека не излезе. Беше страшно бидејќи неговите рамена се заглавија и персоналот ни кажа дека најверојатно нема да преживее. Но, сега сме дома, се прилагодуваме на семејниот живот заедно“ – изјавил таткото за BBC.
Џејд се породувала 16 часа, а примила и епидурална анестезија. „Беше голем шок за сите. Никој не очекуваше дека ќе биде толку голем... Тој е наше мало чудо, или всушност големо чудо!“ – изјавила Џејд.