Новороденчињата од минатата и оваа година најчесто добиваат име инспирирано од популарната вампирска сага „Twilight“.
Според извештајот на независната американска агенција Social Security Administration, најпопуларно женско име е Изабела, а најпопуларно машко име – Џејкоб.
Од машките имиња, најголем пораст во популарноста доживеало името Кулен, најверојатно благодарение на главниот лик во Twilight, Едвард Кулен.
Кај женските имиња пак, најголемиот скок во однос на популарноста го има името Малија. Така се вика ќерката на Барак Обама.
Женски | Машки | |
1. | Изабела (Isabella) | Џејкоб (Jacob) |
2. | Ема (Emma) | Итан (Ethan) |
3. | Оливија (Olivia) | Мајкл (Michael) |
4. | Софија (Sophia) | Александар (Alexander) |
5. | Ева (Ava) | Вилијам (William) |
6. | Емили (Emily) | Џошуа (Joshua) |
7. | Медисон (Madison) | Даниел (Daniel) |
8. | Абигејл (Abigail) | Џејден (Jayden) |
9. | Клои (Chloe) | Ноа (Noah) |
10. | Миа (Mia) | Антони (Anthony) |
Табела: најпопуларни машки и женски имиња во САД за 2009г.