Германската канцеларка Ангела Меркел беше прогласена за Личност на годината од страна на угледното американско списание „Time“.
„Ангела Меркел е најмоќната жена на светот, лидерот на државата која ја движи европската економија и која може да ја одреди судбината на најголемата бегалска криза по Втората светска војна. Таа исто така е научник кој обожава фудбал и наводно се плаши од кучиња“ – пишува списанието за германската политичарка.
За да се искачи на челната позиција, Меркел остави зад себе имиња како Владимир Путин, Доналд Трамп и претседателот на Иран, Хасан Рухани. Меркел е четвртата жена што ја добива оваа титула, која Time ја доделува од 1927 година. Минатата година тоа признание беше резервирано за лицата кои стоеја зад борбата против еболата.