Угледното списание Time ја објави традиционалната листа со 100 највлијателни лица на светот. Леонардо Дикаприо, Присила и Марк Закерберг, Ники Минаж, Кристин Лагард, Лин-Мануел Миранда и Пријанка Чопра се најдоа на шесте корици.
Леонардо Дикаприо
„Пред 20 години, Лео ги освои срцата на милиони вљубеници во филмот објавувајќи: „Јас сум крал на светот!“. Преку неговата работа и преку пример, денес тој инспирира многу повеќе лица да го спасат светот“ – пишува Џон Кери, државниот секретар на САД.
Присила и Марк Закерберг
„Присила и Марк се љубопитни. Амбициозни. Промислени. Со отворени умови и големи срца“ – пишуваат Бил и Мелинда Гејтс.
Лин-Мануел Миранда
„Лин-Мануел Миранда зачна, напиша и зеде учество во ремек-дело, зацементирајќи се како еден од најчудесните креативни умови на нашето време“ – пишува Џеј Џеј Абрамс за Миранда кој неодамна доби Пулицерова награда за бродвејскиот хит „Hamilton“.
Кристин Лагард
„Ниту една организација не е поважна за стабилноста на глобалната економија од Меѓународниот монетарен фонд. Одлуките кои доаѓаат оттаму влијаат на милијарди луѓе, па личноста која е на чело на ММФ мора да биде исклучителен, ефективен лидер. Кристин Лагард одговара на тој стандард. Таа смело го водеше ММФ низ турбулентна ера за светската економија од моментот кога беше избрана во 2011 година“ – пишува Џенет Јелен, претседателката на Управата на федералните резерви на САД.
Ники Минаж
„Го видов потенцијалот на Ники уште во првиот момент кога ја здогледав. Таа достигна многу подалеку отколку што можев да замислам“ – пишува Лил Вејн.
Пријанка Чопра
„Пред да ја сретнам Пријанка Чопра, имав слушнато дека нејзиното име доаѓа од Боливуд и бев импресиониран: таа е убава, талентирана, има снимено речиси 50 филма и има добиено повеќе награди – огромна ѕвезда“ – пишува Двејн Џонсон.
На листата се најдоа и пејачките Адел и Аријана Гранде, актерките Мелиса Мекарти и Шарлиз Терон, дизајнерот Рикардо Тиши, моделот Карли Клос, спортистите Луис Хамилтон и Ронда Роузи, папата Францис и лидерот на Apple, Тим Кук.