Лица со Даунов синдром од сите возрасти дефилираа на ревијата Be Beautiful Be Yourself.
Модното шоу, кое имаше хуманитарен карактер, беше организирано од „Глобалната Фондација за Даунов синдром“. На свеченоста беа собрани 2,5 милиони долари за финансирање на медицинска нега и истражувања.
Актерите Џејми Фокс и Лора Лини беа меѓу поддржувачите на настанот кој се одржа во Денвер, Колорадо.